Подготовка: Сварете ги шпагетите во големо тенџере со зовриена, солена вода. Шпагетите сварете ги al dente (да не бидат преварени). Во шоља ставете малку од водата во која се вареа шпагетите. Додека се вари пастата, во тавче ставете го маслиновото масло и кога ќе биде загреано, ставете го лукот, исечкан на листови. Пржете на слаб оган, за да не изгори лукот. Ставете го буковецот. Тргнете го тавчето на страна. Готовата паста, исецедете ја, но никако со ладна вода. Ставете го тавчето пак на оган и ставете ги шпагетите. Пржете неколку минути. Ако пастата ви изгледа сува, ставете од водата која ја зачувавте. Извадете ја пастата. Зачинете со сол и бибер, по вкус и од горе посипајте го рендан пармезан или друг тврд кашкавал. Декорирајте со ситно сецкан магдонос.
1 пакетче ванилин шеќер (ако имате ванила стапче или екстракт од ванила тоа би било подобро)
Подготовка: Костените ставете ги во тавче во кое ќе можте да ги распоредите еднакво. Во тавчето, ставете вода доволно за да ги покриете. Варете ги десетина минути. Потоа, исцедете ги од водата и со кујнска крпа протријте ги за да падне кожичката околу нив. Во друго тавче ставете ги шеќерот, водата и ванилата да вријат. Откако ќе се направи сирупот, ставете ги костените и мешајте повремено десет минути. Потоа, во теглички ставете ги прво костените па потоа сирупот во кој се вареа. Убаво затворете ги и оставете ги 18 саати да отстојат.
Оваа Италијанска супа може да се адаптира во зависност од годишното време во кое се подготвува. Во лето може да додадете тикцички а во зима зелка. Брзо се подоготвува и одлична е за ручек. Ако сте голем љубител на зеленчукот можете слободно да ја збогатите супата со целер, пиперки, морков, блитва, спанаќ и со се што ќе посакате.
Потребно:
200 гр. канелони
маслиново масло
1 главица кромид, исечена на кришки
2 чешниња лук, стино исецкан
6 големи компири, исечени на четвртинки
2 големи домати, исечени на четвртинки
1 мала свежа зелена зелка, исечена на ленти
5 кришки бајат леб, со отстранета кора, исечен на парчиња
сол, бибер
јаболков оцет
Подготовка:
Прво, сварете ги канелоните. Така сварени, исечете ги на половина. Во тава на оган, ставете маслиново масло. На маслото пржете ги кромидот и лукот додека не омекнат. Потоа ставете ги доматите, компирите и зелката. Ставете една чаша(200 мл) вода и оставете да се динста 30 до 40 минути. По потреба додавајте вода ако видите дека зеленчукот се лепи на тавата. Потоа, додадете ги канелоните и варете уште 15 минути. Зачинете со сол и бибер по вкус. Во чинии за супа, ставете по едно парче леб и ставете неколку црпалки од супата. Зачинете повторно со бибер и јаболков оцет. Од горе попрскајте малку со ладно цедено маслиново масло.
Подготовка: Тестото за пица малку премачкајте го со маслиново масло. Наредете ги листовите спанаќ. Ставете ги коцките фета сирење врз спанаќот. Наредете ги смоквите. Зачинете со сол и бибер. Ставете малку маслиново масло врз пицата. Печете додека не биде тестото крцкаво и не се растопи фетата.
Карамел со крцкави јатки ореви и меко тесто. Што друго да се каже за овој прекрасен десерт?
Потребно:
За тесто:
2 шољи сенаменско брашно
1/3 шоља кафен шеќер
1 лажичка цимет
1 лажичка пециво
пола лажичка сол
3/4 маргарин, на собна температура
За фил:
3 лажици пченкарно брашно
1/3 шоља соино млеко(ако не сте веган, кравјо млеко)
1/3 шоља кафен шеќер
2/3 јаворов сируп
2 лажици стопен маргарин
2 лажици екстракт од ванила
1/4 лажичка сол
2 шољи ореви, искршени на половин
Подготовка: Рерната загрејте ја на 250 Ц. Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, цимет, пециво и солта. Маргаринот исечете го на мали коцки, ставете ги во во садот со сувите состојки и со прсти мешајте го маргаринот во смесата додека не се направат мали грутки. Растресеното тесто ставете го во тавче, сплескајте го со раце во тавчето и печете го 8 до 10 минути додека не добие златна боја. Во голем сад помешајте ги заедно пченкарното брашно и соиното млеко додека не се соединат. Ставете ги шеќерот, јаворовиот сируп, ванилата и солта и мешајте. Ставете ги оревите и смесата полејте ја врз тестото. Тавчето ставете го во рерна и печете 30 минути додека не почнат да се појавуваат меурчиња. Така готов, извадете го колачот и оставете да се лади 2 часа во фрижидер. Потоа, исечете го на плочки со остар нож.
Оваа салата има се што му треба да еден вегетаријанец: наут, зелена салата, авокадо и печурки. Дресингот ја прави салатата уникатна и кремаста.
Потребно:
една китка марула (може и друга зелена салата како зелка, радич)
1 авокадо, излупено и исецкано на тенки плочки
1 кромид, излупен и исечен на полумесечинки
200 гр. наут од конзерва
2 шампињони, печени на скара
За дресинг:
3 големи лажици лут сенф
3 лажички масло од грозје (може и маслиново)
6 лажици вински оцет
2 лажички јаворов сируп
Подготовка: Состојките за дресинг измешајте ги во мал сад. Во чинија за салата ставете ја зелената салата. Врз неа, ставете половина од дресингот. Ставете ги наутот, кромидот и авокадото врз марулата. Од горе, ставете ги печурките и прелијте со остатокот од дресингот.
Сакате да зготвите здрав ручек кој е брз и лесен за подготовка? Овој рецепт е токму за Вас. Едноставен, лесен и многу вкусен.
Потребно:
1 лажичка ким
2лажички кари во прав
1/2 лажичка црвен пипер
1/4 маслиново масло
1 кг. компири, излупени и исечени на многу тенки тркалца
1/2 кг. црвен кромид, излупен и исечен на тенки тркалца
1/2 домати, излупени и исечени на тркалца
1 лажичка путер
120 мл. павлака
неколку ливчиња босилек
сол и бибер
Поготовка: Рерната загрејте ја на 250 Ц. Зачините (кари, ким, сол, бибер, црвен пипер) измешајте ги во мал сад. Во големо тенџере ставете маслиново масло и пржете го кромидот. Посолете малку и продолжете да пржите. После 10 минути, додајте го путерот и пржете додека кромидот не добие златна боја и се карамелизира. На крај, додајте ги зачините и тргнете од оган. Во сад настрана, компирите измешајте го со павлаката и малку сол и бибер. Измешајте. Врз доматите попрскајте со малку сол за да пуштата вода и зачинете со бибер. Во тавче за печење најдолу ставете од карамелизираниот кромид. Врз него ставете од компирите, истурете ја течноста од павлака што ја ставивте во компирите и од горе ставете ги доматите. Од горе, ставете ситно исецкан босилек, сол и бибер. Со вилушка притиснете ги нежно зеленчуците за да излезе сосот од павлака горе. Тавчето затворете го со алуминиумска фолија и печете додека не бидат печени компирите. При крај, извадете ја фолијата и печете 7-10 минути за да добијат златна боја.
Историја за супата: Супите со кромид биле многу популарни во Стар Рим. Тие биле храна на сиромашните луѓе, бидејќи кромидот бил лесен за одгледување. Модерната верзија на оваа супа датира уште од 17 век во Франција и воопшто не наликувала ниту по вкус ниту по состојките во неа на денешната Француска супа со кромид. Сецкан кромид и парче леб во чинијата било се што содржела оваа супа. Како и сите јадења така и ова претрпела промени во начинот на подготовка и состојки кои се ставале во неа. Еве како таа се подготвувала во 1651 година во Франција: Кромидот се сечел на тенки парчиња и се пржел на парче путер. Се преливал со вода. Во чинија се ставало едно парче леб и се поливало со супата од кромид и вода.
Денешниот рецепт е од готвачот на Џулија Чајлд, типичен француски рецепт.
Потребно:
една векна француски багет
супа од една зеленчукова коцка
маслиново масло или растопен путер
1/4 чаша коњак
2 главици кромид
200 гр. швајцарски кашкавал (секако, Вие одберете кашкавал по Ваша желба)
1/2 шоља рендан пармезан
Подготовка: Багетот исечете го парчиња со дебелина од 3 см, намачкајте ги со маслиново масло или растопен путер, ставете ги на хартија за печење и печете ги на 250Ц 15 минути на секоја страна, додека не станат средно печени. Супата од коцка ставете ја во тенџере. Додадете го коњакот и кашкавалот и оставете да се стопи. Кромидот исечете го на тенки резанки и пржете го додека не добие убава кафена боја и додека не се карамелизира. Во чинија ставете две парчиња од багетот. Врз него ставете од пржениот кромид и сето тоа прелијте го со супата. Ренданиот пармезан стопете го на тавче за палачинки и така стопен ставете го супата, од горе.
Се надевам дека сите го прочитавте неодамнешниот пост за начинот на кој се храни и живее оваа американска актерка. Токму овој рецепт е од нејзината книга The kind diet. Ова брзо макало е лесно и многу вкусно-одлично за забави и грицкање пред телевизор. Направете го во стаклени садови за да се гледаат разнобојните продукти.
Потребно:
1 конзерва црн грав
3 авокадо
3 лажици сок од лимон
500 мл. соја јогурт
2 лажички сенф
чили во прав, по желба
1/2 шоља сецкани црни маслинки
5 сецкани домати
2 шољи рендан растителен кашкавал
Подготовка:
Распоредете го црниот грав на дното на стаклените садови на хартија за печење. Излупете го авокадото, згмечете заедно со лимоновиот сок и распоредете го врз гравот. Врз нив ставете јогурт помешано со сенфи прелијте доволно за да ги прекрие. Врз тоа ставете ги сечканите домати. Попрскајте со чили и од горе ставете маслинки и кашкавал. Печете 15 до 30 минути.
60 мл. ликер од јагоди ( или 200 гр. блендани јагоди)
30 мл. сок од ананас
30 мл. сок од вишни
многу мраз
две јаготки сечени на половинки
шеќер
шејкер
Поготовка: Во шејкерот ставете ги мразот, вотката, ликерот, соковите од ананас и вишна и мешајте додека не се соединат. Миксот претурете го во соодветна чаша на која ќе и ги извалкате рабовите со шеќер. Ставете уште мраз. Ставете ги парчињата јагоди.
Интересни информации за рецептот: Arancini или аранчини се пржени топчиња од ориз, извалкани во презла. Оригинално, потекнуваат од Италија уште во десеттиот век. Вообичаено, се сервираат со доматен сос или рагу сос. Првата порција аранчини е продадена во сицилија со рагу сос и топчиња од моцарела, месо, ориз и грашок. Многу ресторани, овој Италијански рецепт го прават со печурки, путер или со модар патлиџан. Овој рецепт го добил името аранчини по изггледот на топчињата, кои кога ќе се испржат личат на мали портокал, што на сицилијански е … погодувате-arancini.
Супер се за забави, родендени, одлични се за пред тв … Овој рецепт ќе Ве воодушеви со неговата едноставност во подготвување и брзина на конзумирање. Еве една супер вегетаријанска варијанта на тема: аранчини.
Потребно за 4 лица:
1 јајце
1 шоља сварен ориз
1 главица кромид
1 чешне лук
200 грама моцарела, сецкана на коцки
пола чаша бело, суво, вино
презла
200 грама сварен грашок
200 грама рендан кашкавал
маслиново масло
сол, бибер
Подготовка: На маслиново масло пржете ги лукот и кромидот, претходно многу ситно исецкани. Кога ќе се испржат, ставете го сварениот ориз и додадете пола чаша бело, суво вино. Додадете го грашокот. Зачинете со бибер и сол, по вкус. На крај, додадете го кашкавалот. Изматете го јајцето со вилушка. Додадете го јајцето во изладеното рижото. Измешајте ја смесата. Со мала лажичка, земете две лажички од смесата и ставете ја на рака. Во средина, ставете една коцка моцарела и формирајте топче. Извалкајте го во презла и пржете во врело масло. Така испржени, ставете ги на кујнска хартија да го впијат остатокот од маслото.
сос: 1/2 кг. домати излупете ги и исечете ги на мали коцки. На маслиново масло, пржете ги доматите додека не го пуштат целиот сок. Додајте малку вода и една лажица брашно за да се згусне сосот.
Малку историја за салата: Insalata Caprese е едноставна салата, со потекло од островот Капри, Кампања, регион во Италија уште во 1950 година. Традиционалната Капрезе салата се прави со моцарела од крајво млеко, домати и маслиново масло зачинето со оригано и аругула. Секаде во Италија, при декорирање на салата се користат и ливчиња босилек.
Потребно:
4 домати
400 гр. моцарела
маслиново масло
сол, бибер
босилек
Подготовка: Доматите и моцарелата исечете ги на еднакви кругови. Почнете да ги редите во круг на голема чинија. Едно парче домат, па моцарела и пак домат па моцарела и така се во круг. Под секој пар моцарела и домат, ставете ливче босилек. Зачинете со маслиново масло, оригано, сол и бибер по вкус.
Одличен начин да го почнете денот-ШЕЈК ОД ЗЕЛЕНИ ЈАБОЛКА. Ем вкусно, ем здраво. Секако, Вие можете да си комбинирате свои овошја, па дури и зеленчуци во шејкот, но јаболката се одлични за конзумирање наутро, особено за појадок.
Потребно за 1 шејк:
2 зелени јаболка
150 мл. млеко
цимет
Подготовка: Измијте ги јаболката, излупете ги и исечете ги на коцки. Ставете ги во блендер, додајте го млекото и миксајте додека не се добие еднолична смеса. Ако е премногу густо, додајте уште малку млеко, ако е многу ретко, додајте уште јаболка. Ставете го шејкот во голема чаша и од горе попрскајте со цимет. Ставете некоја коцка мраз, ако сакате.
Еве еден супер брз предлог за денешен ручек. Надвор е топло па затоа и храната треба да е лесна.
Компир салата. Фина и свежа. Брза и едноставна за подготовка.
Потребно за 4 лица:
1/2 кг. млади компири
3-4 млади кромидчиња
маслиново масло
сол, бибер
две големи лажички мајонез
две големи лажици павлака
јаболков оцет
Подготовка: Компирите сварете ги. Додека се уште топли излупете ги и исечете ги на помали коцки. Така топли, компирите зачинете ги со малку сол и бибер. Во мал сад помешајте ги јаболковиот оцет, маслиновото масло, солта и биберот. Промешајте. Со смесата полијте ги топлите компири. Промешајте. Во друг сад помешајте ги павлаката, мајонезот и ситно исецканите млади кромидчиња заедно со зелените перките. Промешајте. Додајте го сосот во компирите. Целата смеса убаво промешајте ја за да се соедини сосот со компирите.
Фалафел сендвичот е многу познат во Средниот Исток. Се продава како „улична храна“ на секое ќоше во Каиро. Освен како сендвич, фалафел се служи како главно јадење со разни додатоци и преубаво освежителни сосови. Погоден е за подготвување дома, но ако сте излезени и сакате да јадете здрава и вкусна храна, Ви го препорачувам фалафел сендвичот во сендвичарата „Нино“ во Скопје. А ако пак сте на пат за во Египет, наминете во Мекдоналд и нарачајте си, секако, МекФалафел(ако баш Ве мрзи да си подготвите дома).
Инаку, фалафел се прави од наут (го има во Виталија и Биона) и помешан со источни зачини и лесни сосови дава прекрасен вкус и супер здрав ручек или пак лесна вечера.
Многу омилен меѓу оние кои јадат месо а ОСОБЕНО меѓу вегетаријанците, Ви претставувам рецепт за
ФАЛАФЕЛ СЕНДВИЧ СО СОС ОД ПАВЛАКА И КРАСТАВИЦА
Потребно за 4 сендвичи:
4 тортиљи
1 чаша наут
2 големи главици кромид
3 чешниња лук
една китка магдонос
1 лажичка свеж коријандер (го има во Рамстор)
1 лажичка ким
брашно
1 јајце
4 големи кисели краставички
1 домат, исечен на кругови
сол, бибер
масло за јадење
ХУМУС (во процесор за храна ставете: една чаша наут, 2 лаж.маслиново масло, 3-4 ситно исецкани чешниња лук, една лаж.црвен пипер, 2 лаж. пире од домати, сок од еден лимон, сол и бибер по вкус. Мешајте се со процесорот додека не добиете хомогена смеса. Ако е многу густо, додајте маслиново масло, ако е многу ретко додајте наут.)
Подготовка: Во сад ставете го наутот и полијте го со ладна вода. Оставете го да отстои преку ноќ. Откако ќе отстои, исцедете го и во врела вода ставете го за да се свари. Варете додека не биде мек наутот. Сварениот наут, исцедете го и помешајте го со ситно исецканите лук и кромид, коријандер, ким, сол и бибер. Мешајте во процесор за храна додека не добиете хомогена смеса. Ако немате процесор за храна, можете да ја измешате смесата со алатка за пире. Додадете едно јајце и малку брашно, колку да се спои смесата. Од готовата смеса формирајте мали ќофтиња и притиснете ги со двете раце, откако ќе ги обликувате. Пржете ги во врело масло додека не добијат златна боја од двете страни.
Тортиљите ставете го во врела рерна и потпечете ги 3-5 минути. Топлите тортиљи намачкајте ги со хумусот, ставете неколку парчиња кисели краставички, неколку парчиња домат, ставете по две ќофтиња фалафел и завиткајте ја тортиљата.
Во посебен сад ставете павлака и ситно исецкана свежа краставица. Зачинете со малку бел или црн бибер. Промешајте. Сосот послужете го со фалафел сендвичот.
Да нурнеме во морскиот свет со овој медитерански рецепт кој ќе го засакате “од прва„. Ако се прашувате како да ја изненадите саканата личност, вашите блиски, па и да си дозволите Вие малку одмор и уживање, нема да погрешите ако го изберете овој рецепт.
Потребно за 4 лица:
1кг. исчистени, свежи лигњи (совет: прво, побарајте во рибаница, па ако немаат таму свежи купете од маркет)
100 гр. моцарела
2-3 млади лукчиња
3 лажици лебни трошки
3 лажици рендан кашкавал, по желба
магдонос
една чаша бело, суво вино
масло за јадење
маслиново масло
сол, бибер
За сос:
една конзерва пелати
5-6 млади кромидчиња
босилек
една мала лажичка кафеав шеќер
пола чаша бело, суво вино
Подготовка:
Лигњите исчистете ги. Краците, завршните делови од лигљите ставете ги длабок сад и во садот ставете ги лебните трошки, маслиновото масло, виното, ситно сецканиот магдонос, сецканата моцарела на коцки и ситно исецканиот млад лук. Зачинете со сол и бибер, по вкус. Лигњите претходно бланширајте ги во врела вода за да не бидат тврди и тешки за џвакање. Бланшираните лигњи полнете ги со претходната смеса и затворет ги со поголеми чепкалки за дане излезе смесата при пржење. Така приготвените лигњи пржете ги на врело масло. Во тава, на оган, ставете малку маслиново масло и на него пржете го младиот кромид. Додадете ги пелатите. Зачинете со сол и повеќе бибер. Ставете ги пржените лигњи во сосот, додадете го виното и оставете да испари. Сосема на крајот, додадете ситно сецкан босилек.
Карактеристично за веганите е нивниот специфичен начин на исхрана во кој тотално е исклучена конзумација на производи од животинско потекло, како млеко, јајца, сирење, кашкавал, млечни намази, млеко во прав и слично. Веганите ја застапуваат животната филозофија дека во секојдневната исхрана, човекот нема никаква потреба од користење на овие производи и тие не сакаат да имаат допир со никаква храна од животинско потекло. Исто така велат дека замена постои. Па така, тофуто е на нивното редовно мени. Сојата и соиното млеко се исто така продукти кои се застапени во нивната исхрана.
Овој рецепт е супер здрав и лесен. Може да го направите за Вашите пријатели на забава, за фина летна вечера или за брз и здрав ручек.
Потребно за 1 бурито:
тортиља
1/2 шоља бел ориз
1/4 шоља црн грав (може и од конзерва)
1 голем домат
1/2 главица кромид
магдонос
сол, бибер
маслиново масло
соја сос
соја топчиња-варени па пропржени на тава (по желба)
Подготовка: Измешајте ги претходно сварениот ориз и црниот грав. Зачинете со сол, бибер, по вкус и соја сос. Доматот излупете го и исечете го на коцки. Кромидот исечете го на тенки тркалца. Почнете да ја полните тортиљата. Попрскајте со соја сос по целата тортиља. Ставете од смесата со ориз и грав. Наредете неколку тркалца кромид. Ставете ги парчињата домат. Од горе, ставете ситно исецкан магдонос и соја топчињата. Свртете ја целата тортиља како палачинка
неколку чери домати (може и еден-два големи домати)
тортиљи (печени во рерна па кршени, како чипс)
магдонос
1/4 сок од исцедени лимони
маслиново масло
морска сол
Подготовка: Во тефлонска тава, ставете ги кикириките и тостирајте ги додека не добијат златна боја. Зелката исечете ја на четвртинки и нив ситно исецкајте ги на резанки. Зелката помешајте ја со магдоносот и доматите. Претходно помешајте ги лимоновиот сок, маслиновото масло и солта. Оваа смеса полијте ја врз зелката и доматите. На крај, ставете ги тостираните кикирики. Послужете со печени тортиљи
Кога ќе се спомене овој италијански специјалитет, веднаш Ви доаѓа на памет зборот „мњам“. Оваа пица, полна со зеленчуци, веднаш ќе побуди желба кај Вас да ја направите за вечера. Свежи домати, млад спанаќ, шпаргли и моцарела е комбинација на која не ќе може да одолеете. А нема ни зошто. Ова е супер здрав вегетаријански избор за ова топло време кое ќе потрае…
Потребно за една пица:
тесто за пица
еден голем, зрел домат
една мала тиквичка
една рака спанаќ
две шпаргли
3 свежи шампињони
моцарела
свеж босилек
италијански сос (микс од 1 лаж.лук во прав, 1 лаж.кромид во прав, 2 лаж. сушено оригано, бибер, сол, 1/2 лаж. шеќер, 1 лаж.сушен целер, 1 лаж. сушен магдонос и 1 лаж. сушен босилек. Целата сува смеса се меша со 1/4 јаболков оцет и 2/3 маслиново масло.)
доматен сос
Подготовка: Тестото за пица премачкајте го со доматно пире. Потоа почнете да ја редите пицата по следниов редослед: дробена моцарела, сецкани шампињони, покрупно исечени шпаргли, обарени листови спанаќ, кругови тиквичка и парчиња домат. На крај, ставете пак дробена моцарела. Врз пицата ставете две ливчиња босилек и попрскајте со италијанскиот сос. Печете на 250Ц.
Нема човек кој не сака изненадувања. А најубавите изненадувања секогаш поминуваат низ желудникот. Ова е еден од тие рецепти во кои уживате додека ги подготвувате и додека ги јадете. Еве Ви еден предлог како да ја изненадите саканата личност и луѓето кои го заслужуваат Вашето внимание. Еден фин појадок кој ќе предизвика задоволство и среќа, рано наутро.
Потребно за 1 особа:
две тост лепчиња
две свежи јајца
сол, бибер
масло за јадење
Подготовка: Со модла, исечете ги лепчињата во средината за да имаат дупка. Во тава на оган ставете ги лепчињата и пропржете ги од двете страни многу малку, колку да поруменат. Во дупката, скршете го јајцето и оставете да се пржи на тивко. Попрскајте со сол и бибер.
Пс. Не заборавајте да се појавите со цвет во уста и широка насмевка.
Супер брз леден пијалок. Супер за горешниниве кои допрва доаѓаат. Здрав, како за појадок, освежителен како за ужина, лесен како за вечера.
Потребно за 2 лица:
1/2 кг јагоди
сок од 4 лимони
мед
нане
1 манго
(рум, по желба)
Подготовка: Исчистените јагоди и исецканото манго измиксајте ги во блендер додека да добиете глатка смеса. Додајте го сокот од лимон. Ставете неколку лажици мед, по вкус и ситно сецкано нане.
едно пакетче вафли (пакување со вафли има во Кам-маркет)
3 зрели домати
2 зелени пиперки
еден кромид
два млади моркови
црвен пипер, бибер, сол
магдонос
масло за јадење
Подготовка: Во загреана тава, на масло пржете го ситно исецканиот кромид додека да омекне. Потоа додадете ги исецканите морков, домат и пиперка на поситни парчиња. Додадете една лажица брашно колку да ја спои целата смеса. Зачинете со сол и бибер, по вкус. Додајте црвен пипер. На крај, додајте го ситно исецканиот магдонос. Смесата истурете ја врз вафлите кои сте ги стоплиле во рерна или на тава.
Еве еден супер лесен рецепт. Неверојатно здрав и освежителен. Донесете ја Италија во Вашата кујна.
Потребно:
едно пакетче шпагети
4 зрели домати
4 лажици маслиново масло
сол, бибер
неколку ливчиња босилек, за декорација
Подготовка: Варете ги шпагетите во врела најмногу 7 минути. Доматите ставете ги во тенџере со врела вода 30 секунди и потоа, веднаш префрлете ги во ладна вода како подобро би ги излупиле. Така излупени, исечете ги на поситни парчиња. Во тавче со загреано масло, ставете ги доматите да се пропржат и да пуштат сопствен сок. Тогаш, додајте ги сварените шпагети, зачинете со бел бибер и сол, по вкус. Севирајте во голема чинија со рендан пармезан или друг тврд кашкавал и ставете неколку ливчиња босилек за арома и декорација.
Оваа супа од доматие популарна уште од нејзиното откривање, во 1872 година. Одлична за ручек или вечера. Еве како да си ја направите.
Потребно за 2 лица:
4 големи, тврди домати (може и конзерва со домати-пелати, од 400г.)
2 лилакови главици кромид
1 голема црвена бабура
1 поголемо чешне лук
сол, бибер
2-3 лажици путер
свеж или сув босилек
Подготовка: Наполнете голем сад со врела вода. Ставете ги свежите домати и бројте до 10. Извадете ги од врелата вода и веднаш ставете ги под млаз со ладна вода. Така полесно ќе се излупат. Излупете ги доматите. Во тава на оган, ставете го путерот и малку масло и пржете ги ситно исецканите кромид, лук и црвена бабура додека не омекнат и малку се запечат на тавата. Ставете ги излупените домати, додајте една чаша од 200мл. вода или зеленчукова супа (без фиде) зачинете со сол и бибер по вкус и оставете малку да проврие. Со рачен миксер, измиксајте ја смесата за да добиете глатка супа. Сервирајте во чинија. Од горе, попрскајте со ситно сецкан босилек и топка павлака.
Доколку Ве бива во кујна и сакате да експериментирате со вкусовите на оваа супа, ја предлагам веб - страната на Џејми Оливер и неговата уникатна варијанта за супа од домати.
Супер здрав, полн со свежина и разни шарени бои, овој екстра полн вегетаријански клуб сендвич ќе Ви го подигне расположението и ќе направи да се чувствувате одлично што сте го изеле. За ручек или лесна вечера, овој сендвич потполно ќе Ве изненади.
Подготовка: За еден клуб сендвич, потребни се три лепчиња. Првото лепче намачкајте го со мајонез. Врз него ставете лист марула, па два кругови домат, потоа неколку мали кругови краставица. Посолете. Потоа, два кругови кромид. Ставете го второто лепче. Од горе, намачкајте го со сенф. Ставете едно кругче јајце. Попрскајте со бибер. Ставете едно парче фета сирење и најгоре, малку пасирано авокадо. Поклопете со последеното лепче. Исечете го сендвичот на два тријаголници.
Подготовка: Исечети ги модриот патлиџан, доматите и пиперката на поголеми коцки. Во тавче на оган, пропржете ги лукот и кромидот, претходно исечени на покрупни парчиња. Откако ќе омекнат, додајте ги остананите зеленчуци и пржете додека не омекнат. Додајте го белото вино и оставете да испари. Зачинете со сол, бибер и соја сос. Смесата префрлете ја во тава за печење намачкана со путер, изрендајте кашкавал и пречете на 250Ц додека не се запече целата смеса.
Младите моркови сосем се разликуваат од т.н „стари моркови“ што ги јадеме во супа, како прилог и слично. Тие имаат сладок, мек вкус кој во комбинација со супер сос имаат прекрасен освежувачки вкус. Дефинитивно овој рецепт ќе ги скрши сите лоши јазици за морковот како зеленчук. Со големо задоволство Ви го претставувам овој рецепт. Лесен, здрав и неверојатно вкусен.
Потребно:
неколку млади моркови, со листови
250 гр. павлака со 20% масленост
копар
50 гр. рендани ореви
сол, бибер
масло
Подготовка: Младите моркови намачкајте ги со масло. Ставете ги на скара или на грил тава да се запечат. Попрскајте ги со морска сол и бибер од горе. Во павлаката ставете една мала лажичка копар, ренданите ореви и зачинете со сол и бел бибер, по вкус.
Слатка и овошна, супер секси во црвена чипка—ТОА Е САНГРИЈА! Мислам дека сите сме имале по некоја љубовна афера со неа, нели? Шмркнете една сангрија, вака, на сабајле!
Потребно:
пола чаша сок од грзоје (сокот се продава во продавниците на „Тиквеш“-кај стара автобуска
сок од еден грејпфрут
сок од еден портокал
сок од пола лимон
јаболко на коцки
цимет
Подготовка: Земете една поголема чаша или шоља. Ставете ги: сокот од грозје, грејпфрут, портокал и лимон. Помешајте. Ставете ги исецканите коцки јаболко. Наросете малку цимет. Ете, толку брзо и едноставно.
Може да ставите и други овошја, по ваша желба (малини, капини, рибизли).
Подготовка: Исечете го мангото на ситни коцки. Полијте ги со сокот од лимон. Додајте 2-3 лажици маслиново масло и зачинете со сол и бибер, по вкус. Промешајте. Парчињата леб, намачкајте ги со подебел слој крем-сирење, ставете една лажица од смесата со манго па врз неа ставете круг кромид и лист марула.
Во случај да се двоумите околу мангото, еве Ви нешто што ќе Ве разубеди.
Интересни податоци за салатата: Валдорф салатата е созадена во Хотел Асторија, во Њујорк во 1896 од менаџерот на кујнскиот оддел Oscar Tschirky и од тогаш салатата е вистински успех. Оригиналната верзија на салатата била со јаболка, целер и мајонез. Подоцна во неа додавале сецкани ореви, кои станале главната состојка во салатата. Салатата Валдорф се служи на листови од марула.
Потребно:
едно зелено јаболко Granny smith, сецкано на коцки
една лажица сок од лимон
пола страк целер, исецкан на коцки
1/4 мајонез
1/4 суво грозје
1/4 сецкани ореви
неколку листови марула
Подготовка: Сецканите јабока полијте ги со сокот од лимон. Додадете ги целерот, сувото грозје, оревите и мајонезот. Измешајте ја целата салата. Послужете во листовите од марула.
Подготовка: Најпрво, направете го дресингот. Во мал сад, помешајте ги јаболковиот оцет, балсамико, лукот и маслиновото масло. Зачинете со сол и бибер, по вкус.
Во рерна, печете ги доматите и пиперките. Може да ги печете исто така и на скара или на рингла. Откако ќе се испечат пиперките, исечете ги на ленти. Доматите исечете ги на коцки. Попрскајте ги со дресингот, додајте малку босилек и измешајте. Листовите марула искинете ги на мали парчиња. Додадете ги во садот со пиперки и доматите. Измешајте ја целата смеса. Додадете ги коцките кравјо сирење. Измешајте. Оваа салата може да се јаде и топла и ладна.
Сега, кога веќе се запознавме соквалитетите што ги нудат кикириките, ќе споделам еден супер рецепт. Тие што јадат макробиотски сендвичи кај Нино, знаат колку различни видови на бургери има. Мојот фаворит е бургер од кикирики. Кога видов дека е толку многу лесен за подготовка, почнав и сама да го подготвувам за блиските и за себе. Секако, што е подготвено дома е поубаво.
Потребно за 4 бургери:
6 лажици масло за јадење
2 главици кромид
3 чешниња лук
4 варени компири
500 гр. мелени кикирики (може, 100 гр. сецкани и 400 гр. мелени)
сол, бибер
соја сос
100 мл. супа од зеленчук, без фиде
презла и брашно, по потреба
Подготовка: На масло за јадење, пржете ги ситно исецканите кромид и лук додека не омекнат убаво. Компирите згмечете ги како за пире и додадете ги во тавата со кромид и лук. Додајте ја супата од зеленчук и оставете да испари течноста. Тргнете ја тавата на страна. Откако малку ќе се олади смесата, додадете ги кикириките, соја сосот и зачинете со сол и бибер. Ставете една или две супени лажици брашно(не многу)за да се спо смесата и потоа додадете презла за да биде се компактно. Оставете еден час во фрижидер да се стегне. Потоа, формирајте плескавици, извалкајте ги во презла и пржете на врел зејтин. Во бургер лепче ставете еден лист марула, намаз од наут, ставете ја плескавицата па ставете кругови краставица и домат и соја сос.
Супер избор за недел ручек или вечера со пријателите. Овие корејски палачински ќе Ве освојат. Купете си кинески стапчиња од Сева, кинеската продавница на Плоштад Македонија и организирајте тематска вечер.
Потребно:
3/4 шоља сенаменско брашно
1/4 шоља оризово брашно
250 мл. ладна вода
5 млади кромидчиња
1 сушено чили пиперче
1 лажичка морска сол
масло за јадење
За сос : 2 лажици соја сос, 2 лажици оризов оцет (можете да го замените со јаболков оцет), 1 лажица масло од сусам, 1 лажица тостиран сусам, 1 лажица црн бибер.
Подготовка: Во мал сад, помешајте ги сите состојки за сосот и оставете го на страна. Во друг сад помешајте ги водата и брашното, додавајќи ја водата малку по малку, додека не се добие еднолична смеса. Ставете ги ситно сецканите кромидчиња, чили пиперчето, зачинете го сол и бибер. Во тавче за пржење, ставете една лажица масло за јадење и една лажица путер. Со лажица ставете од смесата и пржете ги на двете страни додека не поруменат. Послужете со сосот.
Подоготвка: Во длабок сад, ставете ги фета сирењето и грчкиот јогурт. Мешајте со жица за матење додека не се соедини смесата. Зачинете со сол и бибер по вкус и оставете ја смесата да отстои 2-3 часа во фрижидер. Исчистете ја сојата од мешунките и варете ја во 8 чаши (250мл.) вода додека не биде мека. Исцедете ја. Зачинете ја со оцет балсамико, маслиново масло, сол и бибер, по вкус. Чери доматите расечете ги на половинки и помешајте ги со сојата. Промешајте ја смесата. На парчињата леб, намачкајте со миксот од фета и јогурт, врз него, ставете од миксот од соја и домати. Од горе, ставете малку босилек.
Ова е една од оние салати кои сакате да ги подготвувате во овие жештини. Всушност, не се сеќавам на некоја поосвежителна од оваа. А за тоа колку е лесна и едноставна за подготовка, ќе оставам на Вас да се уверите.
Потребно за 4 лица:
две свежи краставици, исецкани на ситни коцки
вода
јаболков оцет
сол
1 чешне лук многу ситно сецкан, по желба
Подготовка: Во длабок сад ставете ги сецканите краставици и лукчето. Ставете вода колку да ги покрие и плус еден прст над нив. Оцет ставете по желба(некој сака покисело, некој не). Посолете по вкус.
Лубеница! Сочна, крцкава и свежа. Погледнете го рецептот, направете ја салатата и викнете ги пријателите и блиските.
Потребно за 8 лица:
1 главица црвен кромид
3 лимони
1,5 кг. лубеница
300 гр. фета сирење
неколку ливчиња свежо нане
4 големи лажици маслиново масло
100 гр. црни маслинки
бибер
Подготовка: Лубеницата исечете ја на коцки. Црвениот кромид исечете го на полумесечинки. Во сад за салата ставете ги коцките лубеница и кромидот. нането ситно исецкајте го и ставете го во салатата. Ставете ги маслинките. Зачинете со бибер, сок од лимон и ладно цедено маслиново масло. Промешајте ја целата салата. На крај, ставете парчиња фета сирење.
Откако прочитавме за блитвата, еве еден супер рецепт кој може да го зготвите за денешниот ручек. Лесен, брз и здрав. Тоа е сосема доволно. Овој рецепт може многу лесно од вегетаријански да стане вегански со замена на пармезанот во разни јаткасти плодови, по желба.
Подготовка: Сварете го басмати оризот во својата обвивка. Откако ќе биде сварен, скинете ја обвивката. Во тава, исржете ги кромидот, лукот, пиперката и морковот додека не омекнат. Додадете го белото вино. Откако ќе испари виното, ставете го оризот и ставете две и пол чаши вода. Зачинете со сол и бибер. Смесата префрлете ја во тавче за печење и печете 30 минути на 220Ц. Листовите блитва убаво измијте ги и обарете ги во зовриена солена вода. Може да ги исечете стебленцата од блитвата и да ги чувате за супа или чорба, а само зелените листови да ги варите. Сварените листови блитва исцедете ги и не ги ладете со ладна вода. Пржете на маслиново масло. Со нож поминете преку нив неколку пати, колку да не бидат цели листовите. Зачинете со сол, бибер, лимонов сок и маслиново масло. Од горе, изрендајте пармезан или за ВЕГАНИТЕ, ставете неколку кршени ореви, бадеми или лешници.
Може ова јадење да го комбинирате со разни бургери од зеленчук.
Еден од топ десетте извори на калциум за вегетаријанците е гравот. Исто така, гравот е и еден од десетте продукти кои ги штитат срцето. Оваа салата е толку добра, вкусна и здрава што ако ја направите еднаш, ќе ја правите потоа многу често.
Потребно за 4 лица:
1/2 конзерва црн грав, исцеден
1/2конзерва бел грав, исцеден
1/2 бел грав со мали зрна, исцеден
1/2 зелена пиперка, сечена на коцки
1/2 црвена пиперка, сечена на коцки
1/2 црвен кромид, сечен на кругови
1/4 маслиново масло
1/4 вински оцет
1 лажица сок од лимон
1 лажица бел шеќер
1-1/2 лажица сол
1/2 чешне лук, сецкано
1/2 конзерва пченка
2 лажици ситно сецкан магдонос
3/4 мелен ким
3/4 бибер
1/2 табаско сос
1/4 лажица чили прашок
Подготовка: Во голема здела, ставете ги трите вида грав, пченката,кромидот на полумесечинки и пиперките. Измешајте. Во мал сад, помешајте ги маслиновото масло, лимоновиот сок, лукот, магдоносто, кимот и биберот. зачинете со сол, по вкус, табаско сос и чили. Овој дресинг ставете го врз зеленчукот. Убаво промешајте и сервирајте ладно.
“Dream House„ или на македонски „Куќа од соништата“ е вегетаријански ресторан кој се наоѓа во Софија, Бугарија. Ресторанот оваа година слави седум годишно постоење. овој ресторан веќе седум години на своите гости им нуди здрава храна и квалитетно вегетаријанско мени. Повеќе од јадењата се подготвуваат со биолошки производи. И како што самите велат: Гарантираме најдобар квалитет и одличен асортиман во нашето мени. Биолошките производи кои ги нудат се од компанијата„Зелена Земја“ со кои имаат соработка.
Вегетаријанскиот ресторан има војавеб страна,фанстрана на фејсбук и твитер. Исто така имаат иблог, на кој споделуваат информации во врска со вегетаријанството.
Тукаможете да го разгледате прекрасниот зелен ентериер и декор кој го оживува ресторанот и на гостите им ги доближува Земјата и природата, како и дел од рецептите кои се на нивното вегетаријанско мени.
Менито на вегетаријанскиот ресторан „Куќа од соништата“ содржи огромен и разновиден избор на салати, стартери, супи, главни јадења, десерти, топли и ладни пијалоци, кафе, пиво и разни видови на вино.
Ресторанот врши нарачи до дома и подготвува храна за кетеринг.
Цените на јадењата се навистина прифатливи. На пример, една порцијакинеска салата(зелена и црвена зелка, морков, краставица, пиперки и печурки) од 300 гр, чини 120 денари.Вегетаријанско сушичини од 200 гр. чини 180 денари.Крем супа од брокулиод 300 мл. чини 90 денари.Тиквички во сос од нанеод 350 гр. чинат 120 денари.
Ресторанот секоја недела подготвува мени на неделата, па овонеделното мени кое завршува денес за ден петок, има: Таратур од сончоглед, зеленчуци на скара во сос од ореви и карфиол со кари и зеленчук. Вкусно.
Доколку патот Ве води накај Софија, поминете во вегетаријанскиот ресторан „Куќа од соништата“ кој се наоѓа на улица Алабин бр.50 илитукавидете ја мапата, пробајте некое вегетаријанско јадење и споделете го тука, со нас, вегетаријанците.
Понекогаш тоа што Ви треба е само топла супа. Особено сега, кога времето потсетува на есен, топлата супа ќе Ве згрее и ќе Ве потсети на зимата која нема да дојде скоро Бидејќи нема неделен ручек без убава супа, без оглед дали е топло или ладно, за викендот кој претстои Ви предложувам лесна, брза и неверојано вкусна супа со домашни кнедли.
Потребно за 4 лица:
1 литар вода
два големи моркови, исечени на крупно
една црвена пиперка, исечена на половина
една зелена пиперка, исечена на половина
половина целер, и коренот и листовите
еден кромид, исечен на четвртинки
едно чешне лук
ловоров лист
бибер во зрна
магдонос, ситно сецкан за декорација
За кнедли:
1 јајце изматено со вилушка
гриз
сол
масло за јадење
Подготовка: Во длабоко тенџере истурете ја водата и ставете ги сите зеленчуци и зачини. Варете додека не бидат зеленчуците меки. Кога ќе бидат сварени, извадете ги и оставете ги настрана. Подгответе ја смесата за кнедли. Во изматеното јаајце, ставете една лажица масло, сол по вкус и почнете да додавате гриз колку да може да се оформи погуста смеса за да се обликуваат кнедли. Кога ќе биде смесата направена, со две мали лажички формирајте кнедли ставајќи од смесата на едното лажиче и потоа префрлате на другото лажиче како би се формирале овални кнедли. Готовите кнедли пуштајте ги во супата која сеуште се вари. кога ќе испливаат на површина кнедлите се готови. Сервирајте во длабока чинија и од горе попрскајте со ситно сецкан магдонос и бибер во прав.
Совет: Доколку сакате вашата супа да има текстура и да биде густа и богата, сварените зеленчуци испасирајте ги добро во блендер, ставете ги во водата во која се вареа, ставете една рака фиде и ете Ви супер здрава супа.
Сигурно името на Ве потсеќа на се’ освен на име на јадење. Шакшука е израелско јадење кое се прави од доматен сос и поширани јајца. Оригиналниот рецепт се прави со пржени јајца во сос од домати, пиперки, кромид и зачини(најчесто ким и чили). Обично се служи со леб. Ова јадење е познато во Тунис, Марко, Турција и како и секое јадење доживува свои трансформации при подготовка.
Потребно за 2 лица:
две јајца, пржени на око
една конзерва од 450 мл. домати во сос
една главица кромид, ситно исецкан
три чешниња лук, ситно исецкани
три зелени пиперки, ситно исецкани
сол, бибер
магдонос, за декорирање
една голема лажица црвен пипер
200 гр. фета сирење, дробено
Подготовка: На загреано масло пржете ги кромидот, лукот и пиперките. Додадете ги доматите задно со нивниот сос. Зачинете со сол и бибер. Ставете една голема лажица црвен пипер. Ставете ги испржените јајаца на око и динстајте 15 минути додека не испари течноста од сосот. Сервирајте во длабока чинија со дробено фета сирење и ситно сецкан магдонос.
Кога ќе ви здодее да јадете шопска салата и лепче и кога ќе сакате брза и вкусна вечера а притоа ги имате сите состојки за шопска салата, направете печена шопска на лепче. Животот би бил досаден ако не пробуваме разни варијанти на обични јадења, нели?
Потребно:
1 домат, сечен на тркалца
1 главица кромид, сечена на кругови
1 зелена пиперка, сечена на тркалца
рендано сирење
неколку парчиња леб, сечен на кришки
маслиново масло
6,7 маслинки, сечени
Подготовка: Големо тавче за печење премачкајте го со маргарин. Наредете ги лепчињата и намачкајте ги малку со маслиново масло. Почнете да редите врз нив најпрво пиперка, па кромид, па домат и потоа ставете ги парчињата маслинки. Од горе изрендајте сирење и ставете неколку капки маслиново масло. Печете додека сирењето не добие златна боја.
Црвено жолто зелено. Ете Ви семафор. Споделувам со Вас еден навистина откачен рецепт. Пица семафор. Пиперки во најубавите бои. Со фета сирење и црвен кромид. Мљац. Пробајте, одлична е.
Потребно за една пица:
замрзнато тесто за пица, го има во секој маркет
една зелена бабура, може и обична зелена пиперка, исечена на тенки парчиња
една црвена бабура, исечена на тенки парчиња
една жолта бабура, исечена на тенки парчиња
200 гр. фета сирење
еден црвен кромид, исечен на полумесечинки
оригано
кечап или доматно пире
маслинки
маслиново масло
Подготовка: Тестото за пица намачкајте го со кечап. Ставете 10 гр. дробено фета сирење на тестото. Наредете го кромидот. Потоа, почнете да ги редите пиперките прво црвеата па жолтата па зелената на крај. Останатите 100 гр. фета издробете ги од горе. Попрскајте со оригано. Ставете две маслинки и малку маслиново масло. Печете 15 до20 минути на 250Ц.
Подготовка: Сварете зеленчукова супа од коцка. Во големо тенџере со солена, зовирена вода ставетего карфиолот, претходно разлистен на помали цветови и варете го додека не биде мек во стеблото. Во друго длабоко тенџере на масло за јадење пржете ги кромидот и лукот додека не омекнат убаво и додека не добијат убава златна боја. Потоа, ставете го сварениот карфиол и полијте се со супата. Зачинете по вкус. Тргене од оган. Измиксајте ја смесата во пире додека не биде се еднолично и без мали парчиња кафриол. Вратете на оган. Додајте 100 гр. тврдо рендан кашкавал во супата. Мешајте. Послужете со ситно сецкан магоднос, маслиново масло и бибер.
Подготовка: На даска за сецкање, исецкајте ги ситно младите кромидчиња. Потоа марулата, краставицата, авокадото, босилекот, кашкавалот, доматите и поточарката сецкајте ги грубо едно по едно и потоа спојувајте го секој зеленчук со наредниот како би ги исецкале зеленчуците поситно и поситно. На даската во средина направете мал простор и ставете ги сенфот, маслиновото масло, оцетот, солта и биберот и мешајте. Откако ќе се соедини дресингот, мешајте ја целата салата со ножот кон дресингот како би се зачинило секое парче зеленчук. Сервирајте во голема чинија со малку маслиново масло врз салата.
Интересни податоци: Antipasto, или во множина antipasti значи “предјадење„ и е традиционално прво јадење на традиционална италијанска вечера. Традиционалните антипаста содржат: неколку видови салами, маслинки, печен лук, пиперчиња(маринирани зелени пиперки), печурки, артичоки, неколку вида сирење и кашкавал(како провалоне или моцарела). Врз сите овие продукти се става маслиново масло. Кога ќе се послужи антипасти тоа значи дека италијанската вечера започнала.
Потребно:
половина векна француски леб, потпечен и сечен на парчиња
неколку зелени маслинки
половина краставица, сечена на кругови
чери домати, сечени на половинки и маринирани во маслиново масло и оцет балсамико
моцарела, сечена на кругови
пармезан или друг тврд кашкавал, сечен на тенки листови
еден млад модар патлиџан, печен и сечен на листови
една зелена бабура(може и зелена пиперка), печена и сечена на листови
сол, бибер
маслиново масло
оцет балсамико
Подготовка: На голема даска за послужување почнете да ги редите состојките. Лепчињата попрскајте ги со маслиново масло, а модриот патлиџан и пиперката зачинете ги со оцет балсамико и маслиново масло. Ако сакате да додадете македонски шмек на ова типично италијанско предјадење, можете во мал стаклен сад да ставите лутеница, ајвар или таратор.
Вегетаријанците во Њујорк, барајќи фино место за вечерно излегување, освен само место за јадење, најчесто завршуваат во ресторан со чинија зеленчуци на пареа. За среќа, ова живо место во Ист Вилиџ, со име Caravan of dreams или „Караван од соништа“ ги има главните компоненти потребни за еден одличен ресторан-музика, ентериер и повеќе од задоволитена веганска храна. Долгата просторија има ѕидови од цигли и древен дрвен под. Подот совршено одговара со масите и на целиот простор му дава доза романтичност со свежите букет цвеќиња на нив и карираните прекривки за маса. Менито е веганско, спој на Италијански, Азиски и Мексикански јадења кое пак вклучува и Шпански и Средно Источни специјалитети. Кујната ја има таа способност од неа да излезат едноставни и вкусни јадења на сосем неочекуван начин, така што буритото го нема оној вкус на полнета тортиља со прженици. Мексиканските јадења како буритото, касадиља со маринирано тофу и заразните начоси се направени со вегански кисел сос, како додаток, а недостатокот од мрснотија ги прави гвакамолето и салцата да има единствен вкус. Салатите се огромни и се рангираат од салата со стандардни зеленчуци до салати со тропски овошја и јаткасти плодови. „Живи„ или непреработени, јадењата јадењата секогаш имаат путер од ореви како сврзувач. Некои работи се повкусни одколку што звучат убаво, како на пример непреработен чипс од лен кој е е крцкав и заплеткан, скоро како чипс од компири на скара.
Ресторанот ”Caravan of dreams” e отворен и работи од 1991 година и негов основач е Ангел Морено, чија идеја било да создаде катче каде ќе ги спои убавата и здрава храна, живата музика и луѓето.
Ресторанот нуди секојдневен музички перформанс на изведувачи и бендови кои ја неговаат џез музиката.
Сите состојки кои се употребуваат за да се направат овие вегански јадења се со највисок квалитет и селектирани според нивната нутристичка вредност и вкус. Ресторанот е отворен од 11 часот до 22 часот.
Менито(кое целосно може да го погледнете тука) е поделено на неколку сегменти и тоа:
Меѓуручек и ручек, вечера, десерти, кафе и чаеви, џусеви и шејкови и мени за пиво и вино. Интересно е тоа што меѓуручекот се служи до 17 часот и сите јадења од редовното мени кои се нарачуваат до 17 часот се со пониска цена.
Ресторанот нуди кетеринг услуги, а го отстапува локалот за приватни ручеци и вечери, забави и коктел дружења до 50 луѓе.
Ако сте во Њујорк или планирате да го посетите, еве како да стигнете до овој ресторан.
А како доказ дека атмосферата е одлична, опуштена и модерна, со детали на роматичност, погледнете ја галеријата на слики а воедно и нивниот веб сајт.
Како и секој ресторан и кафич, така и овој има своја фејсбук страна каде се информираат гостите за перформансот.
Убавината е во едноставноста. Овој рецепт ќе Ве убеди во оваа вистинита реченица. Видете и вкусете го прекрасниот спој на паста и лимон и препуштете се на Медитеранот.
Потребно:
1 пакетче шпагети
1/2 шоља рендан пармезан (може и друг тврд кашкавал)
сок од 4 лимони
1/2 лажичка морска сол
2/3 маслиново масло
бибер
2 лажички рендана кора од лимон
неколку ливчиња босилек
Подготовка: Во тенџере со солена вода, сварете ги шпагетите ал денте(да не бидат преварени). Во шоља ставете од водата во која се вареа шпагитите. Исцедете ги и оставете ги во малку вода. Во мал сад помешајте ги пармезанот и сокот од лимон. Полека додавајте маслиново масло, додека смесата не стане густа и додека не се стопи кашкавалот. Зачинете со сол и бибер. Додајте ја лимоновата кора. Смесата додајте ја во шпагетите и полијте ги со водата која ја одвоивте од шпагетите. Измешајте. Додајте неколку ливчиња босилек. Сервирајте со рендан пармезан.
Подготовка: Загрејте ја рерната на 250 Ц. Измешајте ги капините, праските, брашното, зачините и јаворовиот сируп. Во сад на страна помешајте ги овесот, брашното, солта и зачините. На страна изматете ги маслиновото масло, јаворовиот сируп, екстрактото од ванила и водата. Сувите состојки додадете ги во течните и мешајте со вилушка. Пола шоља од смесата за топинг ставете во овошјето и измешајте. Во мали садови за печење ставете од овошјето, скоро до горе. Врз тоа, ставете една лажица од смесата за топинг. Од горе попрскајте со малку цимет. Печете 35 минути додека не видите меурчиња од страните. По желба, сервирајте со топче сладолед од ванила (ако не сте веган).